На повидок е поделба и распад на Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд под раковотство на Владиката Дедото Петар-јави радио Илинден од Мелбурн.
Проблемот,ескалира пред повеќе од неколку месеци но верниците и ние како медиум останавме мирни и трпеливо го следевме проблемот за да утврдиме од каде доаѓа и кој е виновникот за сево ова. Изворот на проблемот е пронајден, а поради доброто и мирот на Црквата сите детали,неправилности ние како медиум сме спремни заедно со верниците да дадеме шанса овие бурни ескалации ,неправилности и голема неправда да се средат на маса и мирен начин,а ако се нема разбирање тогаш ќе мора јавноста да биде запознаена со целата вистина, а потоа што ќе биде не ќе можеме да гарантираме.
Но без разлика што одиме на мирен начин и на маса со преговори да се средат проблемите ,сакаме во јавноста да упатиме само дел нашиот гнев, огорченост и голема неправда што ни се случи деновиве. Како верници многу сме повредени и толку сме понижени,што не мислиме дека вакво понижување на верници постои било каде на друго место во светот.

Како е можно преку ноќ да ни го одземете нешто што грижливо со срце ,цигла по цигла со години сме го граделе за да направиме еден духовен дом за сите нас овде во далечна Австралија.
Како е можно без ниту еден верник да биде информиран да се донесе брзоплета одлука и нашиот духовен дом Манастирот Свети Прохорчински во Донибрук да биде пренаменет во женски Манастир и во старски дом и да биде забранет за посетители а ние со години што црковуваме тука ,како што спомнавме погоре од устите на нашите деца вадевме и од нашето скапоцено време одвојувавме за да го изградиме тој наш духовен дом а сега како кучина да сме исфрлени.
Како е можно сите ние верниците од Манастирот во Донибрук да бидеме прогласени како секташи. Дали е грев? Што ние како верници што во Монахот Отец Гаврил гледавме и сеуште гледаме како на Духовен Татко кој на илјадници верници лично ни има помогнато на духовен план ,кај кој илјадници верници го најдовме мирот кај Отецот и Манастирот. Дали е грев што Отец Гаврил е еден од ретките духовници со таква духовна моќ, способност и добрина?
Не,доста е, овде веќе работите мораат да запрат. Доста ни е од расправии и поделби на црковен план во Австралија.
Не ,доста ни е некој да прави како што ке му текне и да си поигрува со чуствата на секој верник.
Не,доста ни е од се ,и бараме одговорност за целата оваа штета што и се случува на нашава Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд
Доста е ,и бараме јавно извинување за нашето понижување,омаловажување и деградирање како Верници и затоа јавно ги доставуваме овие неколку барања кои морат да се исполнат за работите да не отидат подлабоко. Нема повеке попуштања и поигрување со верниците.
Ние како верници јавно го доставуваме ова барање:
1. Под хитно да се закаже Епархиски состанок и на овај состанок да бидат примени преставници делегација од нас разочараните и засегнатите верници.
2. Бараме под хитно да биде разрешен од сите епархиски дoлжности внукот на Дедото Петар и секретарот на Епархијата Свештеникот Отец Љупчо Каревски да биде само Црковен Свештеник во некои од црквите. Ова го бараме бидејки имаме докази дека погрешно го информирал Дедото за се во Епархијата. И ја злоупотребил својата моќ од роднинска страна што му била дадена од Дедото и се впуштил во деградирање на останатите Свештеници и понижување на верниците ,воведување на диктатура и едноумие во Епархијата и цениме дека сотаквите ставови го загрозува единството и опстанокот на Епархијата
3. Потврдуваме дека за сиве ови случувања и работата што дојде до ова дереџе стои Свештеникот Отец Љупчо Каревски и погрешното информирање на Дедото и сигурни сме дека надлежниот- Дедото Петар не стои позади сево ова и не бил доволно информиран што ни се прави на нас верниците.
4. Бараме под хитно работите да се вратат во нормала како пред една година Манастирот Прохор Пчински да се врати на верниците и да почне нормално да функционира и напредува како предходно.
5. Бараме под хитно да биде вратен нашиот духовен Отец Гаврил во Манастирот Прохор Пчински и да започне редовно да си ги обавува духовните обврски заедно со нас верниците.
6. Бараме кога ќе бидиме поканети како Верници на Епархискиот состанок да ни се достават финансиските извештаи од сите цркви на Епархијата во Мелбурн.
7. Ако Дедото Петар потврди дека стои позади сево ова и позади Свештеникот и негови внук и не се исполнат овие сугестии и барања од нас Верниците ,тогаш работите ќе се продлабочат и ке бараме одговорност и од дедото Петар.
8. Последно и најважно бараме уште еднаш јавно извинување од надлежните на Епархијата спрема нас Верниците и да ни се вети дека ова никогаш нема повеќе да се повтори.
На крај јавно потвртдуваме позади ова стоиме ние засегнатите верници и Медиумот Радио Илинден,Мелбурн
Со голема Почит до сите Македонци и Верници во Австралија и ви ветуваме дека навремено ќе биде иформирана Македонската јавност за сите наредни случувања.
Достание од поделби и злоупотреби ,Една е Македонската православна црква ,Една е Македонија.


