Фродем до Катица Јанева:„Веруваме во вашата работа, стручност, одлучност и чесност“

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Би сакале да ви честитаме, бидејќи и покрај првичните опструкции, вие покажавте истрајност и успеавте да го комплетирате вашиот тим од обвинители. Исто така, се надеваме дека ќе можете да ѝ образложите на пошироката јавност, зошто двајца обвинители сепак беа изоставени од вашиот тим. Вашата улога е историска.

front_za_demokratska_obnova

Таа е од несомнено значење за иднината на нашите институции, но истата претставува и тест на демократскиот капацитет на критички настроената јавност. Имено, на вас е да прикажете чесност при блуд и разврат, стручност покрај непрофесионалност, воодушевување покрај безнадежност и недоверба во институциите. На вас останува да се повикате и да ја прикажете највисоката вредност и единствен лек за нашите институции – професионалноста и непристрасноста. Во таа тешка задача, јавноста треба будно да ја следи вашата работа и да биде вашата поткрепа, секојпат кога ќе наидете на притисоци при извршување на вашата работа. Почитувани, веруваме во вашата работа, стручност, одлучност и чесност, вие можете да ја вратите надежта во домовите на нашите граѓани. Затоа, би сакале да јавно да Ви ја изјавиме нашата поддршка од Фронтот за Демократска Македонија – ФРОДЕМ