Како и нацистите во 1939 година, борците на “Исламска држава” станаа глобална закана. Ние влеговме во сојуз со СССР, за да го декласираме Хитлер. Нема ли денес да се наметне да го сториме истото, за да ја победиме Исламската Држава , прашува аналитичарот Питер Меккеј во својата статија во Daily Mail.

Според него само со заеднички активности со “Ѓаволскиот” Путин светот може да се соочи со “Исламска држава” За жал Русија како и пред тоа продолжува да е предмет на санкции поради анексија на Крим и одржување за проруските сепаратисти во Украина. Можеби овие несогласувања се потребни за да се стави настрана, претпоставува Мекеј. Поранешниот официјален претставник на владата на САД, Џејмс Рубин смета дека ако навистина рускиот авион бил урнат од терористите на ИД, тогаш “треба да почне војна со нив, додека таа војна не се претворила во меѓународна “. Рубин потсетува дека Владимир Путин прв од светските лидери и предложил на САД соработка во врска со нападите од 11 септември 2001 година. Путин тогаш нарачал на руските тајни служби да споделат информации со ЦИА и даде можност на армијата на САД да користи воените бази во Централна Азија во врска со антитерористичките активности во Авганистан. Нема ли да е правилно, ако западните лидери заедно со Путин започнат да имаат заеднички борбени дејства против ИД , опасноста од која е поголема отколку од “Ал Каеда”, го поставува уште едно прашањето аналитичарот на Daily Mail. Ниту Европа, ниту САД формирале досега заедничка визија за тоа како да се одвива борбата со ИД. Евентуално унија меѓу Русија и Западот, заедно со сириските војници може да ја запре ИД или енормно да им ја намали силата наџихадистичката групација. Се разбира, при таква ситуација постои и опасност – тоа може да ги подигне опасноста од терористичка активност на оние што живеат во Европа и на сите поддржувачи на ИД.