Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

од desk3
159 прегледи

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство.

obvinitelstvo-1

„Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби наредба за одземање снимки од видеонадзор“, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали при увидот од местото на настанот се подигнати снимки од безбедносните камери во клиниката за понатамошна анализа.

Инаку, денеска, во телефонски разговор, од директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Александар Караѓозов, не добивме конкретен одговор за тоа дали камерите работат и дали инцидентот бил забележан од видеонадзорот.

META

Слични содржини