
Германското надворешно разузнавање шпионирало бројни меѓународни организации и високи фигури, меѓу кои Меѓународниот суд во Хаг, американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и УНИЦЕФ. Ова го соопшти германското јавно радио RBB Inforadio, повикувајќи се на свои неименувани извори.
Според медиумот меѓу останатите цели на разузнавањето биле и актуелниот француски министер за надворешни работи Лоран Фабиус, како и Светската здравствена организација (СЗО). Германското разузнавање следло како телефони, така и пораки и IP адреси, а податоците биле пренесени на владин панел.
Тоа се натамошбите откритија поврзани со шпионажа меѓу Берлин и Вашингтон, откако поранешниот американски службеник на тајните служби Едвард Сноуден откри дека САД ги прислушувале телефоните на голем број високи Германци, вклучувајќи дури на канцеларот Ангела Меркел. Покрај наведените организации, во листата на германското разузнавање влегуваат и “многу европски и американски компании, вклучувајќи производители на оружје како амриканската” Lockheed “, се вели уште во материјалот на радиото.
Во листата влегуваат и германски дипломат, кој со години работел како набљудувач на ЕУ во Грузија, како и високи претставници на Унијата во Брисел и Турција. Претходно германски медиуми открија дека германското надворешно разузнавање ги шпионирало заедно со американската Агенција за национална безбедност (АНС) француското претседателство, Министерството за надворешни работи, како и Европската комисија.