Алибаба” со рекордни продажби од 14,5 милијарди долари за 24 часа

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Кинескиот електронски гигант “Алибаба” продаде стока за рекордни 14,5 милијарди долари во последните 24 часа. Бројката е прелиминарна, но таа веќе стана нов рекорд за дневните продажби на  интернет.

алибаба

Поводот за најголемата распродажби во светот е “Денот на осамени срца”, кој Кинезите го прославија вчера. Традиционално на овој ден се прават огромни распродажби, од кои секоја година се постигнуваат добивка од околу 10 милијарди долари.

“Алибаба” ја одржа својата прва ваква распродажба на 11 ноември 2009 година Збирот на продадените стоки ги надмина и приходите од “црните петоци” во САД во последните пет години. Според основачот и извршен директор на “Алибаба”, Џек Ма бројките покажуваат само еден мал дел од големиот потенцијал, кој се наоѓа во потрошувачката на домашниот пазар на Кина. “Средната класа во Кина е околу 300 милиони луѓе. Ние сметаме дека во следните 15 години оваа бројка ќе биде 500 милиони луѓе, што ќе создаде поголема побарувачка на квалитетни стоки и ќе даде поттик на економскиот раст”, увери тој.

“Алибаба” е кинеска компанија која работи во областа на електронската трговија. Групата има свој електронски систем за плаќање Alipay и ја поседува најголемата онлајн продавници “Taobao” и “AliExpress”. На њујоршката берза беше во септември 2014 година, и  се запиша како најголемото IPO во историјата, привлекувајќи 25 милијарди долари. / ТАСС