Лекарите: Џејмс Бонд требаше да умре во седмата минута од „Скајфол“

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Џејмс Бонд може и да не се покаже толку непобедлив, колку што е на големиот екран. Според медицински експерти тој мораше да почине уште на 7-та минута од претходната лента за супершпионот “Скајфол”.4502514

Според лекарите во целата лента има неколку сцени кои во реални услови би се заканиле сериозно на здравјето на 007, пишува британскиот весник “Индипендент”. Првата од нив е на седмата минута на лентата, кога тој е застрелан во градите. Во реалниот живот, сепак ураниумот, кој е употребен во куршуми, би “ги свртел нанадвор неговите бели дробови и би го убил”, посочуваат експертите.  Но, дури и да преживее при таква рана,  хемискиот елемент сериозно би го зголемил ризикот од развој на рак во неговото тело.

Втората опасност за животот му доаѓа при неговиот пад од мост на висина од над 80 метри, откако бил застрелан. Надвор од филмот овој инцидент спокојно би можел да остави Бонд со тешка попреченост на кичмата или со скршен врат. Бидејќи тој паѓа во река, не е исклучено и да се удави.

Опасност за животот му е и фактот дека тој рачно  вади куршум од рамо малку претходно во филмот. Според лекарите извршување на слични операции своерачно може да доведе до “ризик од загуба на крв, несвесно оштетување на нервите и мускулите, како и инфекции. Бонд може да настрада сериозно и кога против него се пука со ракетен фрлач. Дури и да избегне повреди, не е исклучено тапанчињата да му се оштетат. Друга сцена која е потенцијално опасна за Бонд, е и борбата со еден од неговите противници во ледените води на смрзнатото езеро. Според лекарите неговиот воздух многу брзо би завршил, а тоа ќе ги намали шансите да го скрши мразот, под кој се наоѓал.