Ракетите ќе ги држат на нишан објекти на НАТО во Бугарија и во Романија
Најновата руска суперподморница “Црната дупка”, чии оружја се со дострел и можности да поразуваат цели во регионот, се упатила на пат кон црноморската база на руските морнарица во Новоросијск, соопштува “Обозревател”.Подморницата треба да влезе во акваторија на Црното Море кон крајот на ноември. Руското име на подморницата од проектот “Варшавнка” е “Ростов на Дон”. Но, бидејќи е исклучително тивка, што и овозможува да се движи незабележано под вода и е тешко да се пронајде, западните експерти ја крстија “Црната дупка”.
“Ростов на Дон” е спуштена на вода на 26 јуни 2014 година И повеќе од една година ги преминуваше искушенија во водите на Северното Море.Руските подморници од класата “Варшавнка” се вооружени со ракети “Калибар”, кои може да носат и нуклеарни боеви глави. Токму со такви ракети, базирани на бродови во Каспиското Море, Русите удрија цели на “Исламска држава” во Сирија на растојание од околу 1500 км. Воените експерти на НАТО тврдат дека од Новоросијск “Калибар” можат да поразуват цели не само од значителен дел од територијата на Европа, на цела Украина, но и да стигнат до бази на САД во Персискиот залив. Се смета дека ова ќе е втората подморница тип “Варшавнка” во базата на Новоросијск, а се планира таму да бидат распореди вкупно шест. Првата пристигната е во септември оваа година.
Аналитичарите сметаат дека освен што се тешко забележливи, овие подморници се со огромна огнена моќ. Крилестите ракети со обичен борбениот набој поразуваат копнените цели во радиус 1500 км, а ако носат нуклеарно полнење -одат и на 3000 км. Русите ги произведуваат “Калибар” и во против бродовска опција, како и за поразување на површински цели. Во овој случај борбена радиус на ракетата е 300 километри. Се смета дека токму овие ракети ќе им дозволат на Русите да го држат на нишан југозападниот дел на Црното Море – од Босфор до поморските бази на пактот во Бугарија и Романија.