Ако секогаш сте се прашувале како изгледаат внатре приватните авиони, може да го разгледате моделот Lineage 1000E Embraer, кој е во вредност од 53 милиони долари.
Тоа е авионот со едни од најдобрите удобности кои парите можат да ги купат. Тој беше претставен претходно оваа година на саемот во Женева и дефинитивно е создаден за луѓето кои се навикнати да добиваат сè што сакаат.
Авионот може да ги задоволи бескрајните очекувања на повеќето каприциозни и богати клиенти. Тој личи на ултралуксузен стан со крилја и површина од околу 80 квадратни метри.
Дизајнерскиот тим ја опремил внатрешноста со комбинации од скапи материјали и производи како кожа, свила и т.н.
Во авионот има пет простории – спална соба, две дневни зони, кокпит и бања со туш, која располага со сопствен 100 литарски бојлер.
Во рамките на дневниот простор има екстериерни прозорци, од кои влегува сончева светлина, што пак создава чувство на поголем простор.
Она со што овој авион се разликува од другите приватни авиони е дека тој може да слетува на помали аеродроми, поради својата компактна големина.
Видете негови фотографии во галеријата.