Работите кои го тераат партнерот да губи трпение

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Кога двајца луѓе ќе почнат живеат заедно, нивниот живот радикално се менува. Затоа, за да опстане нивниот однос (или семејниот живот), тие треба да прават голем број компромиси и да се полни со огромно трпение.0b26d634bbe60870525f7abeafcc7193

За жал, малкумина денес ги поседуваат спокојството и мудроста да не реагираат остро на партнерот кога ги задеваат и така да се поштедат од семеен скандал.

Bach Original Flower Remedies направи кратко истражување и откри кои се причините за карање и кога вљубените најчесто да губат трпение спрема партнерот.

Еве ги и нив:

Доцнењата

Речиси кај секоја двојка на едниот му треба повеќе време за да се подготви за излегување, што пак предизвикува другиот да се нервира дополнително. Навиките тешко се менуваат и бавноста продолжува да биде причина за расправии меѓу двајцата.

Правилно извршување на обврските

Дамите често копнеат да бидат ослободени од партнерот во некои од домашните обврски, но кога тој сепак  ќе направи нешто по своја иницијатива (што во принцип го прави таа), доаѓа сомнежот: “Да не ми навестува дека не го правам добро?”. И еве нова причина за семеен скандал.

Сексот

Ако сте заедно долго време, би требало да сте свесни за сексуалните желби на вашиот омилен / омилена. И сепак често едниот партнер сака подинамичен секс, додека другиот се надева на бавно и романтично водење љубов, што може да доведе до несогласувања и во кревет.

“Тргнуваме сега”

Може да биде прилично иритирачки, ако се најдете на настан што не ви се допаѓа, но партнерот инсистира да остане уште 15 минути, а потоа уште 20 минути и т. н. Овој случај исто ги зголемува тензиите во односите на двајца луѓе.

Обид за бебе

Често жените се оние кои во даден момент се држат до идејата да станат мајки сега и веднаш, и буквално полудуваат по темата, додека партнерите само повторуваат: “Опушти се, ќе се случи, кога ќе дојде време!”. Верувајте, овие реплики во пракса не помагаат, туку само ги нервираат дополнително жените и тие ги примаат зборовите како недостаток на ентузијазам и разбирање.

Готвење

Многу списанија и консултанти ги советуваат паровите да најдат заедничко хоби, со што ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе ја закрепнуваат врската. Кујната сепак не е местото кое ќе ви помогне да ги подобрите односите, туку токму спротивното. Едниот вечно е нестрплив да заврши побрзо и потоа се фрла на храната, додека другиот се доживува како вистински кулинарски мајстор и сака да го опипа секој детаљ, а потоа да се наслади.

Грижите

Паровите се жалат за истите работи одново и одново: “Сакам да ослабам, треба да вежбам повеќе, сакам да ја променам работата, треба да трошам помалку” … слушателот конечно се нервира и му дава совет на партнерот, за да му помогне да ја постигне својата цел, но првиот не сака да слушне и дури се лути на “помошта”.