Потребни производи:
12 јајца
½ чаша мајонез
4 парчиња сланина
2 лажици рендан кашкавал
1 лажица сенф
Подготовка:
Сварете ги јајцата во врела вода. Откако ќе станат тврдо варени, тргнете ги од топлина и оладете ги.
Во тоа време исечета ја сланината на коцки. Испржете без масло. Нека потемне малку, а потоа оставете на кујнска хартија за да се исцеди.
Излупете ги тврдо варените јајца и исечете ги на половина. Извадете ги жолчките и ставете ги во сад. Испасирајте ги заедно со мајонезот, сланината и кашкавалот. Додаде и сенф. Измешајте добро, а потоа наполнете ги белките повторно со смесата користејќи кујнски шприц или лажичка.
Изладете во фрижидер и сервирајте како ладно мезе.