Бебе со две глави се роди во Бангладеш

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Бебе со две глави се роди во Бангладеш. Тоа го соопштија медицински претставници, според кои девојчето во моментов се наоѓа на интензивна нега, пишува британскиот весник “Индипендент”.4505097

Џамал ​​Миа, таткото на детето, изјави дека се чувствува благодарен дека неговата сопруга и новороденчето се добро по породувањето со царски рез. “Таа има две целосно развиени глави. Таа јаде во две усти и дише преку две носиња “, рече тој.

Според неврохирурзите и педијатри кои ја виделе сликата на детето, најверојатно станува збор за сијамски близнаци. Сепак според Абу Кавзар, сопственик на болницата во која е родено девојчето, тоа има само еден број од сите свои органи. “Ако се исклучи тоа дека има две глави, бебето има органи и екстремитети како на нормално новороденче”, рече уште тој.

Веста за невообичаениот медицински случај предизвика и прилив на луѓе во здравствената установа во Брахманбариа во близина на главниот град Дака, каде што е родено. “Целиот град се истури во клиниката. Пристигнаа илјадници луѓе, а некои од нив дури и доаѓаат од соседните села “, посочи Кавзар. Според него подобро е што бебето подоцна беше преместено во главниот град, бидејќи не било јасно дали толпата која сака да го види, ќе може да биде контролирана.