Шпанската актерка Елза Патаки, која е позната како сопруга на Крис Хемсфорт, покажа со што точно го импресионирала жешкиот Австралиец.
Елза се соблече во нова кампања на секси долна облека. Самата таа сподели неодамна дека се чувствува многу возбудена што е дел од новата реклама на шпанскиот бренд Women’s Secret.
39-годишната убавица која има три деца од својот сопруг, танцува скудно облечена во видео клипот на брендот.
Крис призна неодамна дека ја засакал убавата сопруга уште повеќе, откако ја видел каква добра мајка е. Тој рече: “Откако ја видов како се грижи за нашите деца, се заљубив уште повеќе во неа. Таа е човекот кој ме држи долу на земјата. ”
Двојката има 3-годишна ќерка Индија и 20-месечни синови-близнаци Тристан и Саша.
Слика: Getty Images