Фотосесијата на лондонскиот фотограф Алан Поудрил докажува дека понекогаш облеката и изгледот лажат, а под нив може да се крие вистинскo ремек-дело на уметностa на тату артистите.
Тој избрал луѓе со тетоважи од глава до пети, кои во секојдневниот живот не будат ни најмалку сомневање дека под нивната облека се кријат цели слики од мастило.
Некои од моделите имаат исклучително спектакуларни тетоважи, други пак ја отсликале целата своја лична приказна на своите тела.
Меѓу моделите има и возрасни љубители на тетоважите кои без облека изгледаат како повторно да се 20 годишни.