Aмериканската поп-дива Мадона на француски ја запеала познатата нумера „La vie en rose“ на концертот во Стокхолм во чест на настраданите во терористичките напади во Париз.
Мадона случувањата во Париз ги нарекла трагичен масакар и апсурдно одземање на животи. На публиката и признала дека се размислувала околу тоа дали треба да ја продлжи европската турнеја насловена „Rebelheart tour“.
Концертот во Стокхолм го одржала 24 часа по масакрот во Париз, пред 40.000 публика.
– Ме растревожи тоа. Но токму тоа злосторниците сакаат да го постигнат, да не замолчат. Нема тоа да го допуштиме – изјавила Мадона и потоа со гитара на француски ја испеала „La vie en rose“ една од најпознатите песни на Едит Пјаф.