За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Турција американскиот претседател Барак Обама претпазливо ja истакна “важноста на воените напори” на Русија во Сирија. Тоа се случи на самитот на Г-20.

Американските медиуми ja прифатија изјавата на Обама како промена на позицијата на Вашингтон во однос на Москва. Форумот се одржува во услови на шокот, кој го зафати светот меѓу терористичките акти во Париз. За разлика од минатогодишната средба на врвот во Австралија, кога западните лидери демонстративно го избегнуваа Путин, во Анталија рускиот претседател, практично ја предводи борбата против “Исламска држава”, стана најпопуларниот лидер.Зборовите на претседателот на САД, во кои се содржеше умерено позитивна карактеристика на активностите на Москва во Сирија, беа цитирани од агенциите кои се повикуваат на анонимен претставник на администрацијата на САД.
Изјавата, направено од Обама за воената операција на Русија во Сирија, е можеби прва изјава со позитивен карактер на позадината на честата критика, која Вашингтон ја упатува кон Москва за нејзините дејства во регионот. Белата куќа до последно инсистираше дека значителен, ако не и голем дел од ударите од воздухот на Русија по територијата на Сирија воопшто не се нанесуваат врз позициите на ” Исламска држава “, туку врз бунтовниците од вооружената опозиција. А одбраната на Владимир Путин стратегија се карактеризира од Белата куќа како “контрапродуктивна”.
Судејќи според изјавата на претставникот на администрацијата на Обама, во неделата за време на разговорот со рускиот лидер претседателот на САД избегнувал категорична формулации по ова прашање. Средбата на двајцата лидери се разликува од претходните и во голем број други детали. Ако за време на преговорите меѓу Обама и Путин во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН американската страна очигледно не сакаше да излегува од рамките на протоколарни фотографии, овој пат новинарите можеа да набљудуваат емитувањето на 35-минутната средба, норнмално без звук. Емитувањето беше организиран од турската страна. Претседателите се држеа доста лежерно и правеа напори да се слушаат меѓу себе. Путин и Обама разговараа во присуство на советникот за национална безбедност Сузан Рајс и на преведувач. Како забележува “Вол стрит џурнал”, по средбата меѓу Обама и Путин коментарите на Белата куќа покажуваат “промена на тонот” на американската администрација во однос на активностите на Русија во Сирија.Шефот на Президиумот на Советот за надворешна политика и одбрана Фјодор Лукијанов ја нарече изјавата на Обама “љубопитна нијанса” во политиката на САД во однос на воената операција на Русија во Сирија и истакна дека фокусот на ставот на Западот кон сириските настани “се дислоцира”.
“Настаните кои се случија во Франција, префрлаат уште повеќе на овој фокус, бидејќи сите ја сфаќаат важноста да биде нанесен воен удар по исламизмот “, вели Лукијанов. Изгледа за да ги потврди овие зборови експертот , советник на американскиот претседател за безбедност Бен Родос, во неделата вечерта рече дека Франција и САД се покануваат даго зајакнат интензитетот на авијациските удри по позициите на” Исламска држава “. Според Родос ударите ќе бидат нанесени на базите на џихад групите во Сирија и Ирак. И уште во текот на ноќта наспроти понеделникот француските воздухопловни сили ги бомбардираа позициите на групата “Исламска држава” во сирискиот град Ракот. Според Лукијанов изјавата на Обама би можело да значи и она дека прашањето за соборувањето на режимот на Асад во овој момент, ако не е соборен од дневен ред, тогаш барем отишол на втор план. Тој очекува дека терористичките акти во Париз можат сериозно да ги променат и позицијата на Франција за ова прашање, бидејќи во моментов за оваа држава е најважно да покаже дека се бори пред сè со “Исламска држава”, а не со режимот на Асад.
Во исто време Лукијанов забележува дека не станува збор за директни заеднички активности на Русија и коалицијата на раководството на САД. “Се договоривме да не си пречиме еден на друг”, објаснува експертот. Помошникот на претседателот Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков потврди пред новинарите дека стратешките цели на САД и Русија во однос на борбата против тероризмот се многу блиски, но разликите околу тактиката на активностите остануваат. За време на средбата со Путин Барак Обама изрази и сочувство на својот руски колега за несреќата со авионот А321. Претседателите исто така се фокусирале и на темата на Украина. Според “Асошейтед прес” Обама повторно ја повика Русија да се откаже од поддршката за сепаратисите во Донбас.
За време на самитот Путин имал и неколку билатерални средби, меѓу кои и со германската канцеларка Ангела Меркел, со претседателот на Турција Реџеп Ердоган и со кралот на Саудиска Арабија Арава ал Сауд. Како што се забележува во разговорот со новинарите претставникот на Русија Светлана Лукаш, претседателот Путин бил една од најпопуларните личности: “Сите сакаа да разговараат со него”, тврди таа. За разлика од форумот на Г-20 во Австралија минатата година, на кој поради настаните во Украина Путин наиде на цврстата реакција на западните лидери, за време на самитот во Турција односот кон него веќе беше друго.
Како што истакнува во својот коментар агенција “Блумберг”, на средбата во Анталија рускиот лидер “од аутсајдер стана играч”. Денес Владимир Путин треба да се состане со Дејвид Камерон.Британскиот премиер веќе искажува фрази “безбедност на Британија” и “безбедност на Русија” едвај не на еден здив. “Има едно нешто, во однос на кое меѓу нас постои согласност – во Русија требаше да се чувствуваме посигурни во Британија требаше да се чувствуваме посигурни ако нанесеме пораз на” Исламска држава “, изјави Камерон во неделата. И тоа под услов пред недела и половина британскиот премиер категорично одби да ја сподели со Москва истрагата на околностите околу несреќата со авионот А321 во Египет, пишува Александар Братерски во Газета.ру.
Односот кон рускиот претседател Владимир Путин и неговите активности во Сирија ја промениле климата на дводневниот форум Г-20 во Турција со “одвојување на повеќе внимание што се вели”. Тоа го коментира политичкиот аналитичар Џон Вајт, цитиран од RT. Од фотографиите и кадрите од дискусијата меѓу Владимир Путин и Барак Обама на Г-20, кои ние ги видовме само од јазикот на телото можеме да видиме дека има промена на нивото на посветеност … Сега Путин е сослушуван, откако во минатото – како ние знаеме од средбата на Г-20 во Брисбон, тој беше изолиран, појасни аналитичарот. Според Вајт Путин и неговата позиција не се променети, додавајќи дека “чудовиштето настани” покажаа дека политиката на Западот е погрешна, бидејќи “Исламска држава” води ” војна против цивилизацијата “. Иако тука е пропагандата, која ја демонизира Русија … јавноста може да види дека само Русија, сириската влада, либанската отпор во лицето на” Хезболах “и иранската влада имаат јасност во однос активностите во овој конфликт, истакна британскиот коментатор. Вчера во рамките на Г-20 Обама и Путин одржаа 30-минутна средба. Тие разговараа за ситуацијата во Сирија и Украина. Двајцата се согласиле дека е потребно примирје и преодна влада во Сирија.