Деновиве “скопската шема“ која сака и себеси да се прогласува за цела македонска јавност, тој затворен мал, ама хејтерски круг, кој смета дека само тие можат да прогласат кој е успешен и што е вредност, заборавајќи да ја погледнат и својата кариера, дигнаа голема галама по социјалните мрежи.
Некоја девојка победила ама тие не знаеле, или не дозволиле. Замисли тие процениле дека не ја бива и кој знае како добила, а оние надвор кои ѝ дале титула врска немале- нашиве знаат сè.
Девојката вели “гледајте на сè тоа како на забава“, но нашиве мега локални ѕвезди не можат да си дозволат друг да биде успешен во нивното село. И причата сега си врви. Сите со својата “големина“ и “боженствена смисла за хумор“ бесрамно јавно се потсмеваат и трачарат, баш во “стилот“ на светските ѕвезди, поддржувајќи си се меѓу себе и билдајќи го својот “кул имиџ“.
Погледнете ја немоќта на скопскава шема да се помири со тоа друг да биде побитен од нив, колку за потврда на познатата „Никој не може да биде врач во сопственото село“ со додавка “море иплукај го и згази го ако се прочуе и во соседното“.