Околу 900 акаунти на Твитер се детектирани дека се во конекција со Исламската држава и сите се избришани, објавија од Анонимус.
118
Околу 900 акаунти на Твитер се детектирани дека се во конекција со Исламската држава и сите се избришани, објавија од Анонимус.

Сајбер одмазниците во понеделникот објавија драматично видео, во кое прогласија војна на „калифатот“, а првата акција беше хакирање на акаунтите на Твитер поврзани со симпатизерите на борците од ИСИС. Од Анонимус испратија и пишана порака до терористите, со која на припадниците на ИД им порачаа дека тие не забораваат и не простуваат.

Во пресрет на сајбер нападот, од Анонимус ги објаснија своите намери.
„Очекувајте масивни сајбер напади, војната е објавена бидете подготвени. Францускиот народ е посилен од вас и од оваа катастрофа ќе излезе уште посилен“.
Од Анонимус објавија и дека се во сајбер војна со хакерите од групата Даеш, која е поврзана со ИСИС. На нив им порачаа дека се многу подобри хакери, и дека нема откажување до истребување.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.