Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој најавува самостоен настап на претстојните парламентарни избори во интервју за „Слободен печат“ вели дека Македонија е длабоко криминализирана држава, а посебно феномен е институционалниот криминал, во кој се вклучени носители на високи политички, јавни и државни функции. Криминалот полека станува „вредносна категорија“, а не зло кое го разорува целокупниот систем и со кое треба на ефикасен начин да се справиме.
Целосна имплементација на проектот за декриминализација „Војна против криминалот“, во кој имаме конкретни решенија и тоа: конфискација на имот стекнат на криминален начин и забрана за политичко дејствување на тие што ја злоупотребиле довербата на граѓаните. Имаме и сила и знаење како тоа да го направиме. Проценка е дека од 2000-та година наваму, годишно се одлеваат од 80-100 милиони евра од Буџетот на државата, како и од Буџетите на општините и ЈП, во приватни џебови. Тоа мора да го запреме, тоа е столбот на нашата Платформа. Тоа е основа за обезбедување на фондови за младите и креативни кадри, за развој на спортот, уматноста и културата – вели Трајанов за Слободен печат
Трајанов на избори наспроти Груевски, со повик за нова политичка платформа за обединување
Граѓаните сакаат праведно општество, демократија, да живеат од сопствениот труд. Секој кој е за тие принципи вратите му се отворени за соработка – порачува лидерот на демократскиот сојуз.
