Мадона, Френсис Форд Копола, Антонио Бандерас, Жерар Депардје, Џони Дип, Бред Пит, Оливија Њутн Џон, Стинг, Викторија и Дејвид Бекам-за сите нив зедничко е што се познати, славни, богати и дека имаат сопствено производство на вино.

Иако може погрешно да се заклучи дека е помодарство познати и богати луѓе да имаат и по некоја винарија, тоа сепак не е точно. Најугледните писатели, политичари, генерали и филозофи биле сопственици на винарии уште од античките времиња. Истото било и во средниот век, а во 20 и 21 век на оваа приказна и внеле доза на комерцијализација.

Ако од оваа листа ги изземеме брачниот пар Бекам, како и Пит-Џоли, Стинг и Џони Дип, кои произведуваат вино исклучиво за сопствени потреби, рапидно расте бројот на славни личности, кои на пазарот освен парфеми и модни линии, денес нудат вино под свое име. Не е тешко да се заклучи дека најчест мотив за тоа се парите, дел затоа што со почнување на вакво производство во поголем дел од земјите има ослободување од данок, а уште повеќе бидејќи приватните трговски марки со имиња на познатите имаат одличен пробив на пазарот.

Најдобар пример за тоа е случајот со водителката на ток-шоу Марта Стјуард, која во 2007 година потпиша договор со винаријата Гало, па на пазарот се појави вино под името Марта СТјуард Винтаж и тоа по цена од околу 15 долари шише.
Вп Калифорнија се наоѓа винарија на еден од најпознатите славни произведувачи на вино, режисерот Френсис Форд Копола, кој во овој бизнис е ветеран. Тој уште од 1975 година, купи земјиште Рубикон. А денес неговата винарија има озбилно производство. Некои од вината го носат името на неговата ќерка Софија, а некои на неговиот починат чичко Архимедес.
Кралицата на поп музиката Мадона заедно со својот татко Тони е сопственичка на винаријата Чичоне во Мичиген. Антонио Бандерас во 2009 година купи имот во познатиот вински регион Кастиља.Планет вејв е вино кое се произведува во италијанската област на Јадранското Море,а носи назив по албум на Боб Дилан.