Париз:Постоел и деветти напаѓач?

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Француските истражители добиле видео снимка која укажува на можноста дека постоела и деветта личност која учествувала во минатонеделните напади во Париз, во кои беа убиени 129 луѓе.

5646e2e1-f46c-4c84-82e9-3eb50a0a0a6d-pariz-napadi-previewOrg

Повикувајќи се на неименувани извори блиски до истрагата, агенцијата АФП јави за можноста, дека покрај Салах Абдеслама, уште еден напаѓач да е во бегство, освен ако не е во прашање еден од двајцата осомничени соучесници кои се во притвор во Белгија.

Тројца неименувани фрацуски извори изјавија дека анализата за нападите покажала дека постои уште едно лице кое е директно вмешано во нападите, а кое се уште не е повикано на одговорност и дека потрагата по него се уште е во тек.

Француските и белгиските власти издадоа потерница по Салах Абедслам, кој е главен организатор и чиј брат беше меѓу напаѓачите.

Во петокот вечерта во Париз беа убиени седум наоаѓачи, од кои три во близина на стадионот, три во концертна сала и еден во близина на ресторан.