Веќе речиси три часа во северниот париски кварт “Сен Дени” се спроведува операцијата на специјалните единици. Очевидци велат дека се слушаат истрели и експлозии ,. Од полицијата повикуваат локалните жители да останат во своите домови. Од безбедносни причини е запрено движењето на метрото во овој регион на француската престолнина. Кон 5,30 часот, по македонско време над северните делови на Париз се појавил и хеликоптер. Стадионот “Стад де Франс”, каде се саморазнесе еден од терористите при крвавите напади во петокот, се наоѓа токму во соседството на “Сен Дени”, каде што се наоѓа всушност мозокот на крвавиот терористилки напад во петокот на 13.
https://youtu.be/ZfIjVbvKsGA
