Der Spiegel: Ангела Меркел не сака да ја вовлече Германија во војна

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

 

Парискиот петок 13-ти се претвора во еден од оние денови кои историчарите во ретроспектива го дефинираат како крстопат. Оттука натаму сè може да се промени – Кодот 9/11 е најдобар пример за оваа можност. Терористичките напади во француската престолнина имаат потенцијал да ја променат и германската политика. Но, и покрај декларираната од Берлин солидарност канцеларката Ангела Меркел не сака да дејствува набрзина и  воено, коментира авторитетното германско издание Der Spiege.

20151118.xxmrvwrrsw

И така, прашањето  со кое се занимава умовот на Берлинскиот политичари, е како Германија треба да реагира во ситуацијата. Францускиот претседател Франсоа Оланд проговори отворено за војна. Но неговите колеги во соседна Германија се уште не одлучиле дали нападите на “Исламска држава” бележат фундаментална промена во политиката на СРГ. Во секој случај Меркел сигурно сака да спречи сличен пресврт.

На самитот на лидерите од земјите на Г-20 во близина на турското летувалиште Анталија германскиот канцелар самоуверено тврди дека “ние сме посилни од тероризмот”. Разузнавачките служби на основните индустријализирани и земји во развој во иднина ќе работат здружено , и финансиските текови на терористите ќе бидат следени повеќе  и построго, а екстремистите ќе бидат следени под лупа на меѓународната соработка. И толку. Уште во денот по трагичните настани во Париз Меркел ги увери Французите дека нејзината земја ќе учествува во “заедничката борба” против сторителите на атентатите, која ќе вклучува укажувањето на “секаква помош” на француската влада. Зборови кои потсетија изјавите за “бескрајна солидарност”, која претходниот германски канцелар Герхард Шредер им ја предложи на Американците по 11 септември 2001 година Но овие ветувања  ја надминуваат подготвеноста на Меркел. Бидејќи за разлика од Оланд и Гаук, германскиот канцелар продолжува да зборува за “борба”, а не за “војна”.

И ако Франција повикува на обединување на основа чл.5 од Договорот за НАТО, тоа изгледа нема да може да смета на Берлин во овој поглед.

“Таквото  прашање не се јавува”, појасни Меркел за можностите за воена посветеност на Германија во конфликтот против “Исламска држава”. Како во политиката за бегалци, така и за прашањата за безбедноста канцеларката ја доби поддршката на коалициските партнери. Тоа значи само едно – дека во Берлин не се очекува промена на курсот. Засега.