Најскапата улица во светот е во Њујорк

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Петтата авенија во Њујорк се задржува за втора година по ред своето место на најскапата трговска улица во светот. Придружнички ѝ се Козуеј бег во Хонг Конг и Шанзелизе во Париз.4513948

Податоците се објавени во средата наутро од експертската компанија Cushman and Wakefield. Познатата улица во Њујорк го исфрли од првото место Хонгконг уште минатата година, по две години кинеско владеење. Но, доцнењето на економскиот раст во Кина и падот на продажбата, вклучувајќи ја и традицијата меѓу туристите кои престојуваат во Хонг Конг, доведоа до пад од уште 12% во кириите на Козуеј бег (по падот со 6,8% минатата година). Изнајмувањара во овој интересен регион во просек сега се 23 178 евра за метар квадратен, покажува истражувањето претставено на саемот MAPIC.

Од друга страна, САД доживува економски скок, кој ги понесе нагоре кирии во поголемите градови со околу 6,9%. На Петтата авенија квадратен метар продажен простор во моментов се издава за 33 812 евра. Само во втората половина на оваа година кириите се зголемија за речиси 3300 евра на познатата авенија.

Шанзелизе во Париз останува на третата позиција во светската листа  со квадратен метар за 13 255 евра. Изнајмувањата остануваат исти како и минатата година по рекордните зголемувања во 2012 и 2013. Тој е и најскапата трговска улица во Европа пред Њу Бонд Стрит во Лондон.