Дневната доза на витамин D може да им помогне на мажите кои страдаат од импотенција, покажува новото истражување.
Недостатокот на витамин D се јавува како сериозен фактор на ризик за дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања импотенција, според последните истражувања.
Истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс веруваат дека ниските нивоа на “сончевиот” витамин исто така би можеле да се причина за еректилната дисфункција.
Заклучоците на експертите беа претставени на годишната средба на Американското здружение за срце. Во истражувањето учествувале 34.000 мажи над 20 години. 30% од нив имале недостиг на витамин D во крвта, а 16% од нив страдале од проблеми со потенцијата. При недостаток на витамини веројатноста од импотенција расте со 32 проценти.
Во ризичниот дијаграм влегуваат и други фактори како пушење, употреба на некои видови на лекови, алкохол и високиот крвен притисок.