(ГАЛЕРИЈА) Најмистериозната шума со криви дрвја

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Со напредокот на науката многу природни феномени го нашле своето разумно објаснување.4b021cbf5c8b97f55c5d25e8f8319d59

Сепак, се уште научниците не можат да разберат некои од мистериите на Земјата. Една од овие мистерии, на пример, е малата шумичка од борови дрвја во Западна Померанија, Полска.

Таа стана позната поради чудната форма на дрвјата кои растат таму. Сите 400 дрвја,засадени во 1930 година во тогашна Германија, имаат необично искривување во својата основа. Се уште никој не е сигурен на што се должи оваа мистериозна форма.

Многу луѓе мислат дека тоа е резултат од подметнат, механички процес. Други, пак, сугерираат дека чудната кривина на дрвјата се добила поради обилни снежни врнежи.

Без разлика што е објаснувањето на овој феномен, факт е дека тој навистина е интригантен. Може да разгледате слики од познатата шума во Полска во нашата галерија.

Фото: Kilian Schoenberger Photography