Сексот еднаш неделно е доволен за среќен соживот во бракот или долго обврзани хетеросексуални двојки, тврди ново американско истражување.
Откритијата се базираат на анкетата спорведена меѓу 30 000 Американци, која траеше четири децении. Иако почестиот секс се поврзува со поголема среќа, оваа врска престанува да биде толку значајна при фреквенција над еднаш неделно, според зборовите на главниот истражувач Ејми Мујз, социјален психолог од Универзитетот во Торонто-Мисисауга.
“Нашите откритија укажуваат дека е важно да се задржи интимна врска со партнерот, но не треба да имаме секс секој ден, за да ја зачуваме,” додава Мујз. Истражувачите истакнуваат дека истражувањето не цели да бара причина и последица, и не може да се каже дали среќната врска води до секс еднаш неделно, или обратно.
Исто така е важно дека испитаниците се единствено луѓе во романтична врска. “Всушност нема поврзаност помеѓу зачестеноста на сексуалните контакти и благосостојбата кај луѓето кои не се во врска,” додава Мујз. Резултатите се отпорни независно од полот на учесниците, возрасната група или времетраењето на односите со партнерот – од неколку месеци до неколку децении. Според Мујз, паровите треба да разговараат дали сексуалните потреби се задоволени, наместо само да бараат повеќе секс. “Важно е да одржуваш интимна врска со партнер, без да има непотребен притисок да се прави секс што е можно почесто,” додава социјалниот психолог.