Воз излета од шините кај Демир Капија утрово во околу 8 часот и 20 минути. Според првичните информации нема повредени, а причинета е мала материјална штета.

Од „Македонски Железници“ ја потврдуваат информацијата. Посочуваат дека се работи за товарен воз.
Возот вртејќи кај скретницата излетал од шините и во моментов екипи од МЖ и од други институции вршат увид за да ги утврдат причините за незгодата. Во прекин е железничкиот сообраќај.