“Вагон” од утринскиот товарен воз кој се движел на релација Гевгелија-Скопје во 8. 31 часот,на излез од тунелот кај Демир Капија на отворена пруга исклизнал при што се оштетени, дел од колосеците, сигналите и вагонoт.
Важно е да се напомене дека исклизнување на вагон не e “излетување” на воз како што пренесоа некои медиуми, што преставува невистинито прикажување на реалната ситуација околу инцидентот и дезинформирање на јавноста.
Потенцираме дека се работи само за “исклизнување на вагон” кој бил дел од цела товарна композиција.
Воз излета од шини кај Демир Капија, сообраќајот е во прекин
Комисија за увид и расчистување на настанот се на терен при што ќе ги утврди причините поради кои се случило инцидентот.
Екипите за одржување на ЈП македонски железници инфраструктура веднаш излегоа на местотот на настанот и се превземаат ургентни мерки согласно ваквите случаеви кои се карактеристични во железничкиот сообраќај, со цел да се ослободи пругата за сообраќај
