Откриен вториот најголем дијамант во светот

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Канадска компанија го објави откритието на вториот најголем дијамант во светот.4515888

Претставници на “Лусара Дајмонд корп” изјавија дека 1 111 каратниот камен е пронајден во рудникот Каров во северна Боцвана, соопштува британскиот весник “Телеграф”.

Дијамантот од тип “Ила” е со димензии 65 на 56 на 40 мм. Извршниот директор на “Лусара” Вилијам Ламбе изјави дека историското откритие ја става компанијата и африканската мина меѓу навистина извонредни те производители на дијаманти.

“Значењето на наоѓањето на скапоцен камен над 1.000 карати, најголем во последните 100 години, е огромно”, додаде Ламбе.

Претходно овој месец шестиот најбогат човек во Хонгконг Џозеф Лау го купи дијамантот “Сина месечина” за рекордни 32 милиони британски фунти.

Најголемиот непреработен скапоцен дијамант е “Кулинан” – 3106 каратен камен, откриен во Јужна Африка во 1905. Тој беше поделен на неколку полирани скапоцености, а двете најголеми парчиња се дел од британскиот кралски накит.