Силниот земјотрес што ја погоди Грција во вторникот, ја уништи една од најубавите плажи во светот, плажата Егреми на островот Лефкада. Земјотресот од 6,1 степен на Рихтеровата скала ги урна карпите и се случи свлечиште на земјата – што резултираше со проголтување на убавата плажа.
Моментот беше документиран на видео од страна на еден рибар кој во моментот се нашол таму со својот чамец. Плажата што беше прогласувана и изгласувана како една од најубавите во светот и привлекуваше бројни туристи секоја година, исчезна во облак прашина.