МВР: Состојбата со мигрантите на јужната и северната граница е стабилна

од desk3
121 прегледи

Ситуацијата со протокот на мигранти на северната граница, во прифаниот центар Табановце е мирна, а во последните 24 часа на границата пристигнале и заминале во Србија вкупно 2.715 мигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

granica-4

Од ноќеска на полноќ до 8 часот утринава, како што информираат од МВР, на северната граница кај Табановце пристигнале 45 лица и биле издадени 12 потврди за азил. Во кампот моментално се наоѓаат 280 мигранти.

Состојбата е стабила, велат од МВР, и во прифатниот центар на јужната граница, кај Гевгелија.

Македонија ги активира филтерот и дневните квоти за транзит на мигранти?

„До овој момент во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат, а од грчка страна има околу 2.000 лица. Напоменуваме дека овие бројки се менуваат постојано“, стои во соопштението на МВР.

 

META

Слични содржини