Издигнаа импозантна зелена кула во Швајцарија

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Пред извесно време ви раскажавме за убав станбен комплекс во Торино, Италија, во кој се вткаени цели 150 дрвја!0ae7c9a86412725b1c9dfca1317dfae9

Изгледа екотематиката возбудува повеќе луѓе и особено Италијанците. Токму архитект од оваа европска земја може да се пофали со идејата за првата зграда во светот покриена со зимзелени растенија.

Тој се вика Стефано Боери и се пофали со афинитетот кон иновативни зелени структури. Негова е идејата за 117-метарска кула која ќе биде распоредена во градот Лозана – Западна Швајцарија.

Зградата ќе има 36 ката и ќе се вика “La Tour des Cedres” (Кула на кедрите).

Тоа ќе биде дом на повеќе од 100 дрва, 6000 грмушки и 18 000 растенија,распоредени на 3000 квадратни метри зелена површина. Растенијата ќе имаат цел да ги заштитат куќите кои се наоѓаат во населбата Chavannes-Pres-Renens, од суровите ветрови, правот и бучавата на градот.

Некои од становите во иновативната зграда ќе гледаат кон Женевското Езеро.Во кулата ќе има уште канцеларии, фитнес сала, како и панорамски ресторан на последниот кат. Изградбата се очекува да започне во 2017 година.

Во 2014 година Стефано Боери го заврши својот прв зелен проект “Vertical Forest” – две кули кои се наоѓаат во Милано и собираа во себе над 1000 различни видови на дрва.

Влезете во нашата галерија и проверете како ќе изгледа првата зимзелена кула во светот.

Фото: Stefano Boeri