Адел покрај по убавиот глас, е позната и по своите ведар дух, скромност, природност и смисла за хумор. Затоа таа беше повеќе од воодушевена во исполнувањето на задачата: пренк видео.
Во соработка со ББС, биле повикани група имитатори на Адел на лажна аудиција, а маскираната Адел се нашла меѓу кандидатите. Таа стоела со нив зад сцената, стискала палци и дури и одиграла голема трема. На крајот кога застанала да испее последна пред останатите девојки, не било потребно многу за да увидат кој навистина се крие зад маската. А, реакцијата е бесценета! Погледнете и сами во видеото и уверете се.