Не е тајна дека амбициозните девојки во модната индустрија се многу. Очигледно славата, бескрајните обврски и љубовта на дизајнерите од најпопуларните брендови не им е доволна.
Знак за тоа е фактот дека се поголем дел од познатите лица бараат развој и од другата страна – да ја диктираат модата и актуелните трендови.
Црниот Бисер на модната писта создаде своја сопствена линија тематски наречена “I am Naomi Campbell”.
Се разбира, тоа не е доволно за супермоделот и од оваа причина, самата таа е и рекламно лице на своите предлози.
Примамливите кадри се дело на професионалниот фотограф Марио Тестино, а на нив ја гледаме 45-годишната убавица со чипка и секси силуети, кои ги нагласуваат совршените нејзини форми.
Соработката е основана со италијанската марка Yamamay, а за фотосесијата Наоми се фокусира на своите култни долги нозе спакувани во проѕирни ткаенини и чипка.
Освен во кадрите во нашата галерија,можете да уживате и со специјално видео, кое ги крева завесите над процесот на создавање.