Претседателот на ЛДП се сретна со премиерот на Луксембург

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Претседателот на ЛДП Горан Милевски денеска имаше средба со премиерот на Луксембург Хавиер Бетел. Милевски учествува на конгресот на европските либерал-демократи АЛДЕ што се одржува во Будимпешта.

милески

На средбата со Бетел, чијашто земја е актуелен претседавач со ЕУ, како што соопшти ЛДП, станало збор за актуелната политичка состојба во Македонија. – Беше констатирано дека за надминување на политичката криза е неоходно целосно спроведување на договорот од Пржино, потишан со посредство на ЕУ, од страна на четирите политички партии, се наведува во соопштението.

Милевски разговарал и со Елен Тране Норби, министерка за прашања на деца, образование и родова еднаквост на Данска, Роџер Албинјана, министер за надворешни работи на Каталонија, како и со повеќе пратенци во Европскиот парламент од редовите на либерал-демократските партии од Европа.