Нешто поголема територија од Македонија ,а има 115 нуклеарни бомби

од desk3
89 прегледи

Израел располагал со 115 нуклеарни бомби во 2014 година, покажа истражувањето на американскиот Институт за наука и меѓународна безбедност. Анализатат е дел од детално истражување на резервите на плутониум во светот.

izrael

Истражувањето проценува дека Израел произведува во последните 50 година плутониум со брзо темпо по пуштањето во употреба на нуклеарниот реактор во Димо. На овој начин еврејската држава се здобила со 660 килограми плутониум. За правење на една нуклеарна бомба се потребни од 3 до 5 килограми плутониум.

Оценката на ИНМС се разликува од досегашните заклучоци. Според пресметки правени врз основа на откритијата на Мордехај Вануну, поранешен техничар во Димо и лежел 18 години во затвор за откривање на тајните поврзани со наводната израелска оружена нуклеарна програма, Ерусалим треба да има околу 200 нуклеарни бомби. Други истражувања – на шведскиот институт СИПРИ пак запира со броењето на 80 нуклеарни оружја.

(ФОТО) Погледнете го денеска Брисел – празни улици и многу полиција

Истражување на ИНМС повторно ги повторува претходните заклучоци дека нуклеарното оружје на Израел е произведено во реонот на Хаифа во северниот дел на Израел. Сомневањата се базираат и на фактот дека еврејската држава развила и располага со средства за пренесување на нуклеарни боеви глави до непријателските позиции како балистички ракети “Џерихо”, пишува “Ерусалим пост”.