Екстремистите, кои убија 129 луѓе во француската престолнина и предизвикаа серија жестоки воздушни напади во Сирија и засилени мерки во целиот свет, потрошиле околу седум илјади евра за организирање на нападите во француската престолнина, тврди Сингапурски весник The Straits Times, цитиран од “Фокус “.
За возврат по Парискиот петок 13-ти светските лидери ја засилија борбата против финансирањето на тероризмот преку напади против “Исламска држава” во блискоисточните земји Сирија и Ирак, а во меѓувреме владите на Франција и Белгија открија дека дополнителните мерки за безбедност би чинеле една милијарда евра за државните буџети.
Терористичките напади, кои бараат не повеќе од калашникови и муниција, домашни самоубиствени појаси, станови и автомобили изнајмување, потсетија колку малку е потребно за да бидат извршени крвави убиства и внесување на страв и збунетост во европските (и не само тие) општества .
Брисел град на духови, отворена телефонска линија за вонредни ситуации
Најсложените атрибути на терористичките напади – елеците со експлозив, се направени од некои од најевтините материјали кои можат да бидат купени во обична продавница за предмети за домаќинството. Тоа го покажува анализата на експерти за безбедност, кои ги истрауваат бомбите користени од самоубијците во Париз.
Трошоците направени од терористите за хемикалии, машини и муниција, простории и возила, се минимални.
Во пресметката на француските експерти за безбедност не се вклучени сумите за движењето на соучесниците кон Европа и други трошоци кои се однесуваат на детали околу планирањето.