Неодамна на многу места во социјалните медиуми се појавија фотографии од еден конкретен природен феномен.
Го нарекоа “облачно цунами”, поради специфичната форма. Тоа беше забележано околу брегот на Нов Јужен Велс во Австралија.
Морничавиот облак во небото беше долг неколку километри и ги изненади жителите и гостите на Сиднеј.
Всушност овој природен феномен го има своето научно име, имено – облак аркус.Неговата форма е хоризонтална, а неговата положба ниска.
Обично облаците аркус носат со себе грмотевици, како во конкретниот случај.
Специјалистите за метеорологија во Австралија ги предупредиле жителите на Сиднеј за можноста од град, пороен дожд и силни ветрови.
Очигледно, сепак не сите луѓе се уплашиле од облачното цунами, дури напротив – се инспирирале се да го фати со мобилни телефони.
