НАСА лансираше серија од 10 фотографии во крупен кадар од Плутон, кои покажуваат целосна ротација на планетата-џуџе. Тие се објавени на сајтот на агенцијата.
Еден ден на Плутон е еквивалентен на 6.4 земни денови.
Вселенското летало “Нови хоризонти” ги направило фотографиите кои прелетуваат крај планетата на 13 јули. Тогаш Плутон бил на оддалеченост од 400 000 милји до 5 милиони милји од камерата (1 милја = 1609 км).
Слична серија фотографии беше направена и на плутоновата месечина Харон.
Сликите на Плутон се издвоија многу повеќе, бидејќи на нив се гледа регион со форма на срце. Научниците го нарекуваат Томба Реџина – по астрономот, кој го открил Плутон во 1930 година.

