36-годишниот Американец Метју два пати ja сретнал терористичката смрт во очи-еднаш на 11 септември 2001 година во Њујорк, каде што “Ал Каеда” влета во кулите-блицнаци, и втор пат на 13 ноември оваа година во крвавиот масакр во париската сала “Батаклан “. Тој ја раскажал својата неверојатна приказна за францускиот весник “Ле Монд”, но замолил да не се објавува презимето. За време на нападите во француската престолнина тој е на концерт во париската сала “Батаклан”. Таму гледа како бомбаши пукаат во се што се движи. Крвавата бања се разигрува за време на концерт на рок бендот Eagles of Death Metal.

Американецот се правел мртов, потоа успеал да доползи до влезот и избегал. Бегајќи наишол на новинарот Даниел Псени од “Ле Монд”, двајцата тргнуваат да бараат заштита од атентаторите. По патот новинарот погоден. Мажите се кријат во канцеларијата на Французинот и таму Метју му ја раскажува неговата приказна. Мажите поминуваат заедно, додека слушаат на телевизија дека луѓето веќе можат да излегуваат од своите домови.
САД денеска не би успеале да ја распарчаат Југославија
Кога авионот со атентаторите активира една од кулите близначки во САД Метју е под неа. Одел на деловна средба. “Почнав да трчам низ половина Менхетен, за да преживеам. Но, она што го искусив во” Батаклан ги “надмина и моите најголеми кошмари”, вели среќникот.