Само Хелмут Кол и Конрад Аденауер владееле подолго од неа. На овој ден пред 10 години прв пат во историјата Германија избра жена за канцелар. Ангела Меркел управува со земјата веќе деценија. Поради зголемената опасност од напади и постојаните кризи Меркел нема да го слави јубилејот . Првата жена на функцијата канцелар на Германија веќе има своја ера во политиката на Европа.
На 19 ноември 2005 година стана јасно дека изборните резултати и даваат предност на Меркел и таа ќе управува. Нејзиниот коментар за овој историски настан беше типично меркелов – лаконски и без никаква суета: “Па, значи веќе сум канцелар”.
Првично силно проценувана како “девојката на Кол”, таа ја предводи во кризен период инаку типично машката и христијанско-конзервативна партија во време во кое таа беше во длабока криза. Се разгоре скандалот за црните каси, од кои се финансирала партијата, а Хелмут Кол одби да ги именува спонзорите. Меркел е привремено решение за повеќето членови на партијата – жената која треба да ги извади жешките костени од огнот и потоа да го отстапи првенството повторно на колегите од машки пол.
САД денеска не би успеале да ја распарчаат Југославија
Денес таа управува веќе трет мандат. Власта и е обележана со секакви кризи.Банкарската криза, дојдена од САД, финансиската, потпалена од Грција, украинската, инцирана од Москва, бегалската – резултат на граѓанските војни на Блискиот Исток и сега состојбата на речиси војна поради терористичките опасности.
Стилот на управување на Меркел е кул и дефинитивно не лидерски. Таа сака да чека – во тоа е мајстор. Така ги отстрани од патот конкуренти за функцијата канцелар, т.н. принцови на ХДЗ. Сите оние кои се сметаа за потенцијални конкуренти, одамна ја напуштија активната политика. Тоа краткорочно го направи управувањето на Меркел полесно. Но во долгорочна перспектива ја лишува ХДЗ од алтернативи. Ја обвинуваат канцеларката дека го претвори управувањето во One-Woman-Show. И така ги прогонува гласачите кои не се согласуваат со линијата на нејзиното управување, но не е пронајден бранител на своите ставови. Безалтернативността на управувањето и начинот на кој таа ја диригира политиката и во цела Европа, и го дадоа прекарот “Мути” (мама). Нејзина запазена марка се разнобојни јакни со три копчиња и рацете поставени во фома на ромб пред телото. Порака што се толкува како “Во добри раце сте”.
Токму психолошкиот ефект на стилот – сугестијата дека некој ќе се грижи за сè, и носи повеќе успех отколку самото справување со кризи. Всушност нема криза, која да не беше пребродена.
Сепак Германците ја избираат она и повторно. Не само тоа – конкурентите од социјалдемократската партија паднаа 25% надолу, а некогашниот вечен сојузник и коалиционен партнер на ХДЗ – Либералната партија, за прв пат дури и не влезе во Бундестагот. Канџите на Меркел се покажаа смртоносни.
Ова во комбинација со нестабилноста во Европа, создаде поволна почва за раѓањето на нови десно-популистички партии како Алтернатива за Германија – една партија, која ги грабна гласовите на сите , непредставени во ХДЗ, конзервативци и либерали.
Социјалдемократите, пак, конечно загубија , откако “Мути” почна да позајмува великодушно од нивните идеи. Повеќе пари за мајките, задолжителна долна граница на платите, еднаквост на хомодвојките – се теми кои ги разликуваа до пред 10 години СПД од ХДЗ, левичарски од десни.
Не само негативи елементи носи управувањето на Меркел сепак. Токму во нејзините мандати Германија стана најсилна економија на Европа – земја која ниту една криза не успеа да ја собори. Невработеноста се намалува, извозот се зголемува, за прв пат во последниве децении, министерот за финансии направи буџет без планирани долгови. Ова е резултат најмногу на строгото затегнување на ремените во времето на претходникот Шредер. Токму тој успеа да ја санира економијата и да ја даде почетната брзина, поради што ја изгуби и власта. А Меркел ја продолжи неговата политика.
При Меркел Германија стана и во повеќето омилени земји во светот. Германците се простија најпосле со имиџ на нацисти, потпалувачи на војни. “Германија со пријателско лице” го изненадува светот за прв пат за време на Светското првенство во фудбал, на кое таа беше домаќин. Од тогаш симпатиите кон Германците се зголемуваат секојдневно.
Резултат на оваа пријателска, насмеана и хумана политика кон светот беше и реченицата на Меркел, дадена на 4 септември оваа година: “Ние ќе се справиме!” Со неа таа ги отвори границите на земјата за бегалци од Сирија, кои со недели пред тоа спиеја по Унгарија и Австрија, разместени од држава на држава. Поради холокаустот и историјата Германија не може да си дозволи таков однос кон луѓето . Но, тоа и донесе и непријателство – многу десничарски влади во ЕУ, претежно источноевропски, одбија да ја поддржат политиката на рамномерно преземање на теговите и ја оставија Германија сама со бегалскиот бран. Ситуација која натежнува се повеќе и одзема од популарноста на канцеларката. Во моментов за неа би гласале помалку луѓе отколку на последните избори и веројатно таа не би успеала да ја преземе власта.

