Поранешниот шеф на Британската кралска морнарица Лорд Вест тврди дека Исламската држава може да се скрши во три чекори-воздушни удари и офанзива на Мосул и Раки.

Тој сугерира дека меѓународните сили би требало пред се да се насочат на тоа да се уништи Исламската држава во Ирак, пред да тргнат во пресметка во Сирија.
Според него, први на листата на приоритети и натаму се воздушните удари на коалиционите сили, но и Русија.
Од друга страна, со оглед на тоа дека ИСИС ја преместува својата команда од Мосул во Раки, за да го избегнат бомбардирањето, чекор број два е Мосул.
За негова одбрана на Исламската држава и се потребни 10.000 борци.
Поради големите загуби во борбата со курдските сили, но и воздушни удари, ИСИС стално губи војници, а се проценува дека во изминатите месеци бројот на странски борци опаднал од 15.000 на 8.000.
Клучни мето во Мосул би требало да се тренинг кампови, центар за одржување на возила и универзитет каде се наоѓа лабораторија за хемиско вооружување.
И третиот чекор е градот Раки во кој донеодамна беа 20.000 џихадисти и командата на ИСИС.
Вест смета дека и оти не е логично што британската војска не учествува во воздушните напади на ИСИС во СИрија, а тоа го прави во Ирак.
Исто така би требало да се направи притисок на Саудиска Арабија и Турција кои ја финансираат Исламската држава, додава тој.