“Билд”: 007 не е роден во Берлин

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Саемот “Бонд во движење” во лондонскиот музеј на киното е импресивен. Речиси сите (урнисани) автомобили од последниот филм за агентот 007 “Спектар” можат да се видат, како и многу реквизити – и пасошот на британскиот таен агент со фотографија на Даниел Крег (47). 4520756Но документот е лажен, пишува  “Билд”. Како место на раѓање во пасошот е наведен Берлин.

Весникот го поставува прашањето како се стигнало до таму, откако креаторот на ликот, Иан Флеминг за прв пат ја посетил германската престолнина во 1933 година. А и на згора Бонд е родум од Ватеншајд (град со население околу 70 000 луѓе, кој од 1 јануари 1975 година се обединува со гр. Бохум во Рурска област).

Тоа го напишл Џејмс Пирсон во 1965 година во својата книга “Џејмс Бонд – Авторизирана биографија на 007”. Секако, книгата е плод на креативна мисла. А Пирсон пренесе дека Иан Флеминг ја споделил со него “тајната” за родното место на Џејмс Бонд во текот на еден ручек во 50-тите години.