Не е тајна дека Xiaomi ќе ги објави новите производи на 24 ноември. Иако се очекуваше Mi 5 flagship телефонот, потврдено е дека Redmi Note 2 Pro ќе биде претставен во текот на настанот. Сега компанијата почна и да ги најавува новите уреди со серија тизери.
Најновиот кој можеме да го видиме и кој е поставен на веб страната на компанијата ни укажува дека смартфонот, кој е забележан на TENAA страницата минатата недела, ќе биде многу тенок.
Покрај тоа, во описот на Weibo страницата се вели дека дизајнот на телефонот е многу комплексен, додавајќи дека новата карактеристика може да значи дека ќе дојде до компромис во другите аспекти. Иако е малку тешко точно да се каже што значи тоа, најверојатно се однесува на тоа дека уредот ќе биде тенок, но и дека ќе има голема батерија. Имено, се шпекулира дека батеријата кај овој телефон ќе биде 3060mAh.