Русија ја укина забраната за нуклеарна соработка со Иран

од desk3
95 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е во Техеран за учество на самитот на земјите извознички на природен гас, ја укина забраната за продажба и испорака на технологии поврзани со нуклеарната енергија, пренесе Франс прес.

PUT

Русија веќе ќе може да продава и да го снабдува Иран со материјал и опрема за модернизација на иранското нуклеарно претпријатие Форд и нуклеарниот реактор во Арак. Москва одобрува исто така и извоз од Иран на збогатен ураниум во обем, надминувајќи 300 килограми против трансфер во Иран на природен ураниум.

(ВИДЕО)ИД пак се јави : О, Французи, о Европејци, ќе платите најужасната цена – вашите синови ќе војуваат против вас!

Повлекувањето на забраната за продажба и испорака на технологија за иранските нуклеарни објекти се случува во рамките на резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, усвоена во јули, која предвидува во 2016 година да бидат откажани меѓународните санкции против Иран, под услов тој ги почитува условите на договорот за нуклеарната програма.