Познато е дека движењето “Пегида” е антиисламско и ксенофобично. Но, го знаете ли следново: дека многу од неговите членови сочувствуваат со Путин?-пишува DW.
Три дена по терористичките напади во Париз плоштадот пред Земперопер во Дрезден врие од луѓе. Над 10 000 луѓе се собраа за да протестираат против миграциската политика на Германија. Поддржувачите на движењето “Пегида” сметаат дека терористичките напади ги оправдале нивните стравувања. Затоа и инсистираат внесувањето на бегалци да биде прекинато.
“Мелкел да си оди”, скандираат демонстрантите. И додека тие го истураат својот гнев под вечерното небо, овде-онде се веат многу германски и десетици руски знамиња. Маж со побелена коса носи особено голема руска тробојка. Вели дека сакал попуштање на односите со Русија и се плашел од војна межуд САД и Русија. Рускиот претседател Владимир Путин му бил симпатичен, бидејќи “дејствувал решително”, за разлика од германските политичари кои “само зборуваат”. Самиот тој никогаш не би се сретнал Путин, раскажува мажот, но во времето на ГДР неговиот началник одржувал врски со сегашниот руски претседател. Познато е дека во 1980-тите години Путин е дел од тимот офицери на КГБ во Дрезден.
Апел за помош на рускиот претседател
Политикологот Кристијан Демут смета дека не е исклучено во демонстрациите на “Пегида” да се вклучуваат и многу луѓе кои при режимот на ГДР окупираа одредени улоги – било да е тоа во редовите на Штази или во комунистичката партија “. Тоа е само хипотеза, но повеќето демонстранти кои веат руски знамиња, се сé постари луѓе.
(ВИДЕО)ИД пак се јави : О, Французи, о Европејци, ќе платите најужасната цена – вашите синови ќе војуваат против вас!
Уште при појавата с во 2014 анти-исламското и ксенофобично движење “Пегида” беше и проруско. Во една од т.н. “Дрезденски тези” движењето инсистира на “итна нормализација на односите со Руската Федерација”. На еден од митинзите во февруари говор држеше една жена, претставена како Анастасија од Русија. Таа повика на признавање на анексијата на Крим и за укинување на западните санкции. Основачот и претседател на “Пегида” Луц Бахман се сретна во мај 2015 со членовите на блискиот до Кремљ мотоклуб “Ноќни волци”. Тој присуствуваше со мотоџиите при положување на венци на воените гробишта во Торгау.
Владимир Путин ужива особена популарност меѓу членовите на “Пегида”. Неколкупати Луц Бахман се појавува на демонстрации со маица со ликот на рускиот претседател. По митинзите на движењето често звучат слогани како “Меркел – во Сибир, а Путин – во Берлин”, или “Путин, помагај!”.
ГДР, антиамериканизам и Путин
Во појавата на антиисламските и делумно недемократски ставови во редовите на “Пегида” недостасува информација за проруската страна на движењето. Анкетираните од Дојче Веле експерти посочуваат три главни фактори за овој проруска став: ГДР, антиамериканизмот и привлечноста на Путин и неговиот систем.
Професорката на Универзитетот во Магдебург Зилка Затјуков вели дека жителите на источногерманските провинции имаат моного повеќе позитивен став кон Русите отколку западногерманците. Таа се повикува на податоци од истражувањето што го спровела со своите студенти. Од истражувањето и станува јасно дека источните застануваат на страната на Русија по прашањето за Крим. Дрезденскиот историчар Јустус Улбрихт пак обрнува внимание на антиамериканизмот. “Да бидеш проруски настроен, значи да си антиамерикански насторен”, вели тој.
Десничарските радикали се за Путин
Ова го потврдува и претставничката на Левицата Керстин Кодиц чија фракција е втора по сила во локалниот саксонски парламент. Таа зборува за “пропутиново расположение”. “Работата е во тоа што повеќето луѓе кои одат по митинзите на” Пегида “, не ја знаат реалноста во Русија. Тие го гледаат само посилниот маж, седејќи на коњ гол да половината. И во” Пегида ” им се допаѓаат вакви слики”, забележува Кодиц.
Експертите нагласуваат дека Путин ужива широка популарност меѓу источногерманските десничарски радикали. “Путин е водечка фигура за многу од нив”, вели политикологот Кристијан Демут, алудирајќи на десничарско-екстремистичката националдемократска партија на Германија (NPD), чии приврзаници исто ги поддржуваат “Пегида”. Демут претпоставува дека тие се околу една петтина од сите учесници на митинзите.
За поддржувачите на “Пегида”, Дрезден е град со посебен однос кон Русија. Градот е збратимен со родниот град на Путин Санкт Петербург. Пред кризата Дрезден беше и една од омилените дестинации на руските туристи. Во градот беше отворено и првото претставништво за финансирање од државната фондација “Руски свет” под капата на Германско-рускиот културен институт. Претседателот на Управниот одбор Волфганг Шелике тврди дека лидерот на “Пегида” Луц Бахман е криминалец.
Обвинителството водело истрага против него, вклучувајќи и по обвинение за кражба. Бахман е осудуван неколку наврати. “Движењето” Пегида “се обидува да ги инструментализира Русија и Путин”, вели Шелике.
Во неформални разговори со Руси кои живеат во Дрезден , кои се околу 15 000, велат дека сочувствуваат со анти-исламското движење. Некои од нив признаваат дека одат на митинзи на “Пегида”. Го оправдуваат своето учество со стравот од “престапноста на мигрантите муслимани”. Русите во Дрезден сепак се соочуваат со дилема. “Пегида” е премногу радикално движење, сметаат повеќето. “Ако таквите како нив дојдат на власт, можат да не избркаат од земјата”, вели еден 30-годишен Русин. Затоа тој преферира да стои настрана од анти-исламското и ксенофобично движење.

