Дали “социјализмот на 21-тиот век” беше популизам во Аргентина за олигарсите да земаат уште повеќе пари!?

од desk3
96 прегледи

Изборот на конзервативецот Маурисио Макри за претседател е огромна шанса за Аргентина и цела Латинска Америка. Тој покажа дека експерименталниот социјализам на 21-тиот век е целосен неуспех, пишува DW.

0,,18868100_303,00
Новиот станар на претседателската палата Рече Росада нема да е перонист. Но, тоа едвај го тангира некого во Аргентина, иако владата на Кристина Кирхнер стори сé за да посее секакви стравови меѓу гласачите. Сите овие напори сепак се покажаа залудни – незадоволството на гласачите надвладеа над стравот. Аргентинците гласаа смело и истовремено со тоа упатија порака до цела Латинска Америка – порака, која гласи: популизмот може да биде поразен. Сопартијците на досегашната претседателка Кристина Кирхнер и нејзините политички пријатели од Венецуела до Еквадор до последен момент тврдеа дека ако опозицијата победи на изборите, постои опасност од враќање на неолиберализмот. Маурисио Макри беше олицетворение на една политика, која ја доведе земјата до катастрофална економска криза. Во исто време се тврдеше дека кандидатот на Кристина Киршнер е поддржувач на програмите за социјален развој и бранител на силната државна власт.

Братот на Салах Абдеслам: Сакаме да го видиме Салах или во затвор, или во гроб!

Еден модел, ја кој уништи земјата

Но токму оваа сесилна држава ја втурна земјата во рецесија и инфлација. Социјалните услуги се плаќаат со приходите од продажба на суровини, инвестициите и развојот на инфраструктурата беа занемарени. Национализација на претпријатија, строгата монетарна контрола и високите извозни даноци ја задушуваа можноста за економски подем. Ниту демонстративната солидарност со другите левопопулистки влади во Латинска Америка, ниту агресивната полемика против секоја форма на либерализам во економијата можеа да го прикријат фактот дека Аргентина е доведена до просјачки стап.

Макри беше човекот кој вети “Револуција на радоста”. Неговото “Si, se puede” – како аргентинска варијанта на пораката на Обама “Yes, we can” – ја пренесуваше доверба во способноста на Аргентина да се промени. Но мнозинството, кое успеа да го освои Макри, е премногу кревко. Тој сега ќе мора да докажува дека Либерализмот не е еднаков на неолиберализмот дека пазарната економија може да биде и социјално ориентирана, и дека промената на власта не води автоматски до откажување од достигнувањата на претходната влада.
Кристина Киршнер ја поларизираше земјата, Маурисио Макри сака да ја обедини повторно. Без сопствено мнозинство во парламентот и со голем број гувернери од противничкиот камп тоа нема да биде воопшто лесно. При тоа секој чекор на новиот претседател ќе биде следено со внимание и на меѓународната сцена, бидејќи Аргентина не само што избра нов претседател, земјата го отфрли целиот политички модел.
Отпор против домино ефект?
“Социјализмот на 21-тиот век” претрпе тежок пораз во Аргентина. Експериментот кој започна како голем латиноамерикански проект за интеграција и првично разбуди многу надежи и симпатии во светот, заврши со неуспех. Затоа во некои братски земји од регионот сега стравуваат од домино ефект. Претстојат пример избори во Венецуела, а таму претседателот уште отсега најави дека нема да прифати евентуална победа на опозицијата и дури се закани дека ќе остане на власт со помош на “цивилно-воен сојуз”. Аргентина сепак даде светол пример за мирна смена на власта – демократијата е можна, драги соседи!