(ГАЛЕРИЈА) Ирина Тошева и Ване Костуранов ги здружија силите и создадоа неповторлива модна колекција

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Македонската млада, но успешна модна дизајнерка Ирина Тошева, на последната модна недела во Скопје се претстави со модна колекција која, благо речено, ги изненади сите. На радост на обожавателите на делата на нашиот познат уметник Ване Костуранов, тие ги здружиле силите и ја создале модната колекција„Дома“ есен/зима ’15/’16.12249923_1102416466444486_577925334780928308_n

А, од тоа да ги имаш обесено неверојатните топли дела на Костуранов на твојот ѕид во салонот или својата соба, може да е подобро само тоа да ги носиш илустрирани на себе, секаде.

Покрај на ревијата, моделите можат да се погледнат и во модниот едиторијал кој е снимен на повеќе локации во Скопје .

Дома е креативна рефлексија на потребата од нешто само свое. Едиторијалот претставува отсликување на повеќе приказни и моменти од ноќниот живот. Фотографската приказна е инспирирана од скопскиот ноќен живот со сите негови култни локации. Секој од нас во одреден период од животот тие простори ги чувствувал како свој дом. Таму секој од нас прославувал, припаѓал, се забавувал, па дури и се почувствувал и отсутен.“ – сподели Ирина, со објавувањето на прекрасните фотографии кои ви ги прикажуваме во продолжение.12289563_1102416393111160_1169397817523039032_n 12239516_1102416663111133_3115083276049096169_n 12278788_1102416849777781_4234819992147847288_n 12279022_1102416956444437_6824408006839114935_n 12247041_1102417166444416_1713566526566223728_n 12239706_1102417173111082_4889648117603019886_n 12241397_1102417603111039_239713269153494138_n 11986421_1102417566444376_718796886270877544_n 11990629_1102417806444352_4601863890354548666_n 12279024_1102417843111015_3535133985402562874_n