Спасовски: Полицијата е готова за расветлување на кумановските настани

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Истрагата за кумановските настани од 09 и 10 мај е значајна тема која треба да добие завршница во интерес на вистината. Така вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан за бројните шпекулации кои и по половина година сè уште го следат случајот.

оливерКако дојде до настанот во кој животот го загубија 8 полицајци, а беа убиени и 10 напаѓачи, според првиот човек на полицијата одговор треба да се чека пред се од процесот кој се води во судот и обвинителството.

„Целиот овој предмет се води во јавното обвинителство и навистина сè што ќе биде потребно од Министерството за внатрешни работи а ќе го побара ЈОРМ на РМ односно обвинителот кој што го води овој случај. Ќе мора да стои министерството на располагање да ги обезбеди сите потребни докази и документи коишто ќе бидат понатаму побарани од нас за да навистина имаме една релевантна истрага и случај којшто ќе влее доверба кај граѓаните без разлика на која етничка група припаѓаат“, вели Спасовски.

За кумановските настани, веќе е поднесен обвинителен акт. Јавното обвинителство на почетокот на месецов даде на суд вкупно 29 припадници на групата за делата тероризам и терористичка организација. Истрагата се уште трае за неколкумина осомничени помагачи. Уште од почеток, има шпекулации но и аудио снимки во кој се тврди дека македонски тајни агенти биле во контакт со претставниците на вооружената група. Понатаму, првичното писмо од официјано Скопје до Приштина со листа на уапсени косовски државјани во Дива Населба, содржеше имиња на лица за кои МВР потоа тврдеше дека загинале во престрелката. За да се разјаснат сите дилеми и ЕУ повика на меѓуанародна истрага за Куманово, но засега тоа барање не е прифатено/ Алсат М